Create a Joomla website with Joomla Templates. These Joomla Themes are reviewed and tested for optimal performance. High Quality, Premium Joomla Templates for Your Site
  • REKbager1

  • LIFTS, CRANES ISPECTION

  • Zicara1

  • TRANSPORTABLE PRESSURE VESSELS INSPECTION

  • PRESSURE EQUIPMENT INSPECTION

  • ATEX EQUIPMENT INSPECTION

Наш единствен пристап и примарна цел е зголемување на безбедноста, со вистинска соработка на компаниите и корисниците на техничката опема.
Ова го докажавме со намалување на минимум на бројот на несреќи...
Екрем Буњаки, Директор

Државен инспекторат за техничка инспекција

Државниот инспекторат за техничката инспекција ги извршува активностите на инспекциски надзор при начинот на вршење на техничката инспекција при користење на техничката опрема и условите кои трееба да ги исполнуваат независните правни лица за вршење на технички прегледи и периодични испитувања, како и начинот на пропишување на техничките прописи за техничка опрема.

Работите на инспекциски надзoр на техничка опрема ги врши Државниот инспекторат за техничка инспекција како независен орган, спроведувајќи ги подзаконските акти на Министерството за економија.
Работите на технички прегледи и периодичните испитувања на техничка опрема ги вршат независни овластени и акредитирани тела за технички прегледи и периодични испитувања.

 

Фази на инспекција

Фазите на инспекција според Законот за Безбедност на Производи и Законот за Техничка Инспекција се според дијаграмот:

InspectF MK

 

Надлежности на инспекторатот

Инспекторатот врши инспекциски надзор над примената на законите и техничките прописи при користење на техничката опрема во следните области:
- опрема под притисок,
- пренослива опрема под притисок
- лифтови, жичари, дигалки и транспортери,
- производи и постројки наменети за работа во експлозивна атмосфера,
- електроенергетски постројки, електрични производи и уреди и
- експлоатација на минерални суровини.
Инспекторатот врши инспекциски надзор и над примената на законите и другите прописи при вршењето на геолошките истражувања и експлоатацијата на минералните суровини согласно Закон за минералните суровини.

Државен инспекторат за техничка инспекција © 2018. Сите права се задржани